Апасиев на средба со рускиот амбасадор, зборувале за антируските изјави на Османи

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Денеска во репрезентативната „Струшка соба“ на Собранието на РМ – пратеникот Димитар Апасиев од партијата Левица оствари средба со рускиот амбасадор во Република Македонија – Н.Е. Сергеј Баздникин.

На средбата било разговарано за предизвиците со кои се соочува земјата во време на пандемијата со Ковид-19, како и за ефикасноста на процесот на вакцинација на населението со руската вакцина „Спутник V“, која им беше понудена на македонските здравствени власти уште во месец август 2020 год.

Отворени биле и прашања од важност за Западен Балкан, како и за непромислените антируски изјави на шефот на дипломатијата – Бујар Османи, кои биле оценети како непотребни и провокаторски, и кои воопшто не придонесуваат кон развојот на традиционално добрите меѓудржавни односи.

Пратеникот Апасиев се оградил од последниот контроверзен твит на министерот за надворешни работи и потсетил дека ваквиот министерски личен став воопшто не ја изразува волјата на мнозинството наши сограѓани.

Отворени биле и други прашања за културната и образовната размена помеѓу двете земји, со особено значење на стипендиите за македонските студенти кои ги дава Руската амбасада на годишно ниво, а беа опфатени и теми од современата геополитика.

Слични содржини