Се огласи и Лапорта: Суперлигата е неопходна

од Stefanija Kuzmanovska
384 прегледи

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, подолго време молчи по повод основањето на Суперлигата. Сега тој конечно проговори и иако верува дека е потребно ново натпреварување, тој е убеден дека ќе се најде решение со УЕФА.

Барселона беше меѓу 12-те клубови кои во неделата ја започнаа најголемата бура во историјата на фудбалот. Тие ја основаа Суперлигата и за помалку од 48 часа сè застана и се распадна. Прво излегоа англиски клубови, а потоа Атлетико, а Барселона е меѓу клубовите кои сè уште не ја напуштија идејата засекогаш.

„Треба да бидеме разумни. Оваа лига е неопходна, но нашите партнери ќе го кажат последниот збор. Големите клубови придонесуваат многу и мора да кажеме што мислиме кога станува збор за дистрибуција на пари. Мора да биде атрактивно натпреварување, кое ќе се заснова на спортски стандарди. Ние сме за националните лиги и сме отворени за дијалог со УЕФА. Потребни ни се повеќе ресурси за да го направиме ова одлично шоу. Мислам дека ќе се разбереме“, рече Лапорта, бранејќи ја идејата за основање на Суперлигата.

Лапорта беше нешто поштеден од остри напади од УЕФА. Претседателот на Европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин, рече дека најмалку се разочарал од Барселона и дека Лапорта бил под голем притисок од една страна, и дека тој бил најмалку на чело на неговиот клуб, кој има големи финансиски загуби.

Слични содржини