Земјотресот со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, регистриран денес во Јадранското море, а најмногу го почувствуваа жителите на хрватските острови Корчула и Вис, беше проследен со уште два слаби земјотреси во Грција и Бугарија, објави Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според ЕМСЦ, во Грција се регистрирани два земјотреса со јачина од 3,0 и 3,1 степени според Рихтеровата скала. Првиот земјотрес е регистриран на длабочина од шест километри на 41 километар западно од Лариса, а вториот на длабочина од 4 километри на 32 километри од истиот град.
Следуваше низа помали земјотреси кај нашиот јужен сосед.
Послаб земјотрес, со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала, ја погоди Бугарија. Епицентарот бил на 19 километри северно од Гоце Делчев.
Последниот регистриран земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала беше на границата со Турција, пренесува ЕМСЦ.