188
Дилема дури и не постоеше, сè беше ставено на хартија вечерва – Златан Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан.
Шведскиот напаѓач на тој начин ќе остане „росонеро“ и во сезоната 2021/22.
„Милан е италијански клуб за кој Златан одигра најмногу натпревари. Откако постигна 84 гола на 130 натпревари, Швеѓанецот продолжува да го носи „црвено-црниот дрес“ и следната сезона”, изјави Милан.
Ибра се врати во Градот на модата во јануари минатата година и влијаеше на Милан да стане конкурентен, до неодамна да биде и во игра за Скудетото.
Италијанските медиуми јавуваат дека Ибрахимовиќ ќе има плата од 7,5 милиони евра.