Жената на белгискиот амбасадор во Јужна Кореја нападна продавач: Беше обвинета за кражба! (ВИДЕО)

од Берта Китинска
278 прегледи

Белгискиот амбасадор во Јужна Кореја се извини за „неприфатливата“ реакција на неговата сопруга за време на конфронтацијата со вработените во продавницата во Сеул.

Вработените сакаа да ја проверат облеката во која сопругата на Питер Лекују, Ксианг Сјеку излезе од продавницата, бидејќи истите модели се продаваат во нивната продавница, пренесува Би-Би-Си.

Еден работник ја следеше надвор, а потоа сопругата на амбасадорот се врати во продавницата следејќи го вработениот и  во конфликтот снимен од безбедносните камери, жената турка и удри шамар на друг вработен кој се обиде да интервенира.

Белгиската амбасада во Сеул соопшти дека Ксианг (63) во моментов е во болница и се опоравува од мозочен удар што го претрпе во меѓувреме минатата недела.

Таа ќе соработува со полициската истрага за инцидентот што е можно поскоро, се додава во соопштението.

Инцидентот во продавницата се случи на 9 април.

Слични содржини