Вакцинирањето со Синофарм ќе се спроведе после Велигден

од Nikola Popovski
250 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче денес најави дека следната недела во нашата земја треба да пристигнат 200.000 дози вакцини од компанијата „Синофарм“.

„Кинеските вакцини ќе пристигнат околу 28-ми април и за тоа е спремен планот и дистибуцијата согласно бројот на пријавени граѓани на сајтот „vakcinacija.mk“, соопшти министерот, додавајќи дека вакцинирањето со оваа вакцина ќе започне во вторник на 4-ти мај, после велигденските празници.

Според него, до тогаш сите сали во шесте града низ земјава ќе бидат подготвени.

„Во Охрид, Штип, Куманово, во Битола, Тетово и Кавадарци ќе бидат подготвени и опремени и со опрема и со кадар, за да вакцинацијата почне согласно распоредот. Околу 150 илјади граѓани се пријавени за вакцинација во овој момент“, кажа Филипче.

Слични содржини