Трамп: Леброн Џејмс е расист!

од Nikola Popovski
294 прегледи

„Леброн Џејмс треба да се фокусира на кошарката наместо да биде главен играч во уништувањето на НБА“, изјавил поранешниот американски претседател, Доналд Трамп.

Тој потенцирал дека НБА-лигата штотуку го забележала најнискиот телевизиски рејтинг, од основањето.

„Неговите расистички подбивки се разединувачки, гадни, навредливи и понижувачки. Можеби е одличен кошаркар, но не прави ништо за да го соедини заедно, нашиот кутар народ“, објавил Трамп.

Ѕвездата на ЛА Лејкерс и на НБА лигата, се најде на удар на јавноста дека шири омраза и раздор во САД, откако кошаркарот реагираше по убиството на 16-годишната Макаја Брајант. Џејмс очигледно помислил оти полицијата преагресивно реагирала кога ја застрела 16-годишната Брајант и објави твит со фотографија од полицаецот кој пукаше со порака: „Ти си следниот #ОДГОВОРНОСТ“.

Сепак неговата реакција наиде на голема осуда во јавноста, а и најголемиот полициски синдикат во САД ја осуди порака како „срамна и екстремно непримерна“.

По твитот на Леброн се огласи и сенаторот Том Котон кој го обвини кошаркарот на ЛА Лејкерс дека заговара насилство над полицијата.

„Леброн Џејмс предизвикува насилство над полицијата во Охајо. Тоа е срамно и опасно. Полицајците кои ги ризикуваат своите животи за да спасат недолжни жртви ја заслужуваат нашата поддршка и почит. Не заслужуваат напад“, изјави сенаторот Котон.

Слични содржини