Бил Гејтс, филантроп и еден од основачите на „Мајкрософт“, беше главен поборник за вакцините и вакцинациjата во изминатата година, но и критичар на целиот свет за неговата неподготвеност за пандемијата што го зафати.
Гејтс, преку својата фондација, вложи милиони долари во истражување на Универзитетот во Оксфорд, што на крајот резултираше со вакцина против КОВИД-19.
И иако тој сè уште е убеден дека светот е фатен неподготвен од оваа пандемија, тој сепак ја гледа светлината на крајот од тунелот.
„Светот не се подготви за оваа пандемија како што треба, но вакцините треба да им овозможат на луѓето да се вратат во некоја форма на нормалност“, изјави Гејтс за „Скај њуз“.
Тој објасни дека неговата фондација учествувала преку неколку различни инструменти, вклучително и ACT-A, глобален сојуз на тела што го координираат доставувањето тестови, лекови и вакцини низ целиот свет.
„Она што го направивме е многу вредно, бидејќи не сме подготвени доволно за пандемијата. Учиме во движење, но би рекол добрата вест е дека делумно поради сите напори на ACT, делумно поради парите на САД за развој и истражување, имаме вакцини и на оваа пандемија ќе и дојде крајот“, рече Гејтс.