Израел не забележа нови смртни случаи од коронавирусот за првпат по 10 месеци, а вакцинацијата на популацијата напредува.
Бројот на смртни случаи од вирусот во четвртокот остана ист – 6.346, ги пренесе Би-Би-Си податоците од израелското Министерство за здравство.
Израел не пријави смртни случаи од КОВИД-19 за последен пат на крајот на јуни минатата година, кога воведените мерки и заклучувањето го спречија првиот бран на инфекции.
Бројот на новоинфицирани лица во Израел опадна откако го достигна својот врв во јануари годинава, а владата започна да ги ублажува ограничувањата еден месец подоцна, откако започна масовната вакцинација.
Израел е рангиран на прво место во светот според стапката на вакцинација, а во четвртокот земјата достигна пет милиони вакцинации против КОВИД-19.
Министерството за здравство објави дека повеќе од 53% од граѓаните, од вкупно околу девет милиони жители, примиле две дози вакцина.