Мицкоски бара повторно отворање на случајот за осудените за тероризам од „27-ми април“

од Nikola Popovski
204 прегледи

„Протестот е практично одраз на целокупната состојба во општеството, народот е незадоволен. Народот денеска е излезен во поддршка на луѓето кои што го бранеа Уставот“, изјавил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од протестот пред Собрание.

Според неговите зборови, еден ден неправедно осуден човек е како цела вечност.

„Бидејќи имаме судска пракса за повторно отворање на случаи, не гледам причина зошто и овој случај да не се преотвори и луѓето од слобода да имаат втора шанса да се бранат и да ја докажат својата невиност“, додал Мицкоски.

На денешниот протест се бараше слобода за уставобранителите, осудени за настаните на 27 април.

Според огранизаторите на протестот, обвиненијата за тероризам се политички монтирани, а Врховниот суд треба да го поништи судењето и да има ново, бидејќи имало лажни сведоци.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и уште неколку помали партии го поддржаа овој протест.

Слични содржини