326
Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, вечерва прогласи победа на опозицијата на парламентарните избори во Албанија, само два часа по завршувањето на процесот на гласање.
„Победата е јасна! Им благодарам на сите граѓани кои гласаа за победата“, рече Баша, пренесе албански „Daily News“.
Тој посочил дека е убеден дека граѓаните масовно гласале за „Алијансата за промена“ и дека „на крајот, Албанија ќе победи“.
„Верувам дека комесарите ќе го завршат процесот на броење (гласови) со трпеливост, врз основа на законот“, нагласи Баша.