Костадинов: Не ме чудат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, едноставно тие, најлошото му го посакуваат на сопствениот народ

од Берта Китинска
182 прегледи

По вчерашниот протест за ослободување на осудените за настаните во Собранието на 27 април 2017 година пратеникот од редовите на СДСМ Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил напиша дека нема да коментира ништо после протестот и дека ВМРО-ДПМНЕ му го посакува најлошото на сопствениот народ.

„Jас нема да коментирам ништо после протестот на ВМРО-ДПМНЕ. Прашајте ги оние кои се во болници, со кислородна поддршка, борејки се за здив повеќе, што мислат кога ја гледаат оваа слика…Сега не ме чудат воопшто блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во собрание, едноставно тие, токму најлошото му го посакуваат на сопствениот народ“, напиша Костадинов.

Слични содржини