Во врска со најавите за потполно дигитализирано образование претседателот на Средношколскиот сојуз, Бленди Ходаи, на денешната прес-конференција посочи дека таквиот начин е чекор во добар правец, но не смее да биде единственото решение.
„ Ние сме дигитално неписмено население и не сме против, но сметаме дека е тежок процес за нашата земја. Увидовме дека многу ученици немаат пристап до такви уреди. Ако мислите дека можете да ги дискриминирате, грешите, затоа постоиме како сојуз.Секој ученик треба да има избор дали сака да учи од печатен ученик или во дигитална форма.Ние сме земја со слаба дигитална мрежа дигитална мрежа што ни покажа пандемијата и фијаското со настава од далечина. Ако се воведуваат дигитални ученици, апелираме софтверот да биде поквалитетен и да не падне првиот ден, како што се случи со националната платформа скулс.мк.Електронските учебници да бидат алтернатива, а не постулат“, рече Ходаи.