Приведени две лица кои на вчерашниот протест нападнале полициски службеници

од Andreja Salpe
266 прегледи

На вчерашниот протест во Скопје, две лица напднале полициски службеници кои биле дел од полицискиот кордон.

„На 25.04.2021 од страна на полициски службеници на СВР Скопје приведени се Д.К. (22) и М.Л. (23) од Скопје, затоа што на вчерашниот протест во Скопје со тврди предмети нападнале полициски службеници кои биле дел од полицискиот кордон. Известен е Јавен обвинител, по чии насоки лицата се задржани во полициска станица, а по добиена судска наредба извршен е и претрес во дом на М.Л. и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава”, соопштија од МВР

Слични содржини