288
Намалениот број на заразени и почитување на мерките доведе до спласнување на епидемијата, затоа за Велигден и за Рамазан Бајрам да предлагаме да нема полициски час, изјави министерот за здравство Венко Филипче.Тој кажа дека денеска има помалку од 100 новозаразени случаи.
– Настојуваме да се отворат сите тераси. Полицискиот час да трае од 21 часот до 5 часот наутро од 28 април. А за Велигден и за Рамазан Бајрам да нема полициски час. Во тие денови угостителските објекти да работат како и дотогаш до 20.30 часот – изјави Филипче.