Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека сите граѓани кои се вакцинирани во Србија со кој бил тип на вакцина, освен со „Астра Зенека“, ќе можат да се ревакцинираат кај нас.
– Се уште нема јасен став, се уште се анализираат и публикациите и ставовите на многу национални агенции за лекови, дали евентулано треба да примат друга вакцина или не. Така што во таа смисла препораката е да не се прима втората доза на вакцина на „Астра Зенека“. Нашата одлука е да не се вакцинираат граѓани под 60 години со вакцината на „Астра Зенека“, истакна министерот за здравство Венко Филипче.