Ерко: Игоре дали можеби си се прашал како им беше на децата на тие јадни дваесетина во ќош набиени олешени од ќутек

од Берта Китинска
313 прегледи

Откако оперскиот пејач Игор Дурловски, по вчерашниот протест објави фотографија од девојче кое во своите раце дрѓи транспарент на кој пишува „Слобода тато, со реакција на Фејсбук се јави и аналитичарот Ерол Ерко.

-Добро Игоре…
Добро певцу високо ценет.
Го почитувам примерот со детенцето и таткото во затвор.
И самиот сум дечар и знам колку е болно тоа чуство за едно дете во зачетокот на својот ментален развој.
Исто така знам многу убаво како му е на таткото кога во најубавите моменти не е со своето дете, болно е многу.
Но….
Игоре дали можеби, само можеби???
Си се обидел да се прашаш едно просто прашање.
Како им беа на децата на тие јадни дваесетина во ќош набиени јадници олешени од ќутек.
Или можеби Игоре….како и што мислеа децата на Зијадин кога го м’кнеа таков крвав за раце нозе низ собрание како трофеј??
Што мислеа децата на Зоран дур го гледаа преносот кој одеше директно на тв станиците.
Ќе го видат својот татко повторно??
Или гледаа линч на својот родител во живо?
Ајде они не се од твоја партија и не те допира.
Што мислеа мажите и децата на нивинарките внатре Игоре?
Знаеш колку е гадно женати да ја млати некоја животиња дур си ти со дете дома, седиш и посматраш.
Јас случајно ноќта со едно дете од затечените бев нон стоп на линија и многу убаво знам .
Додуше малку е повозрасно од споменатово твое кое сепак има можност да го заборави и да не го види настанот и да го убедувате во Уставобранителски теории.
Ова дете Игоре нема да заборави не.
За него сте и ќе останете луѓе кои сакале да и го убијат таткото.
Луѓе без трунка совест и мозок за друг човек.
Знаеш ли Игоре колку е трауматски за дете да гледа убивање на својот родител на тв екраните А Игоре?
Што мислиш ти, која траума е потешка??
И не Игоре немаше да заврши тоа така како што ти мислиш и таквите ко тебе.
Туку кажете им Фала на истите тие кои ги сотревте од ќотек, нивната прибранист присебноста и здравиот разум ја смири состојбата нит полицијата на Чавков нит некој трет од страна Иггоре..
Просто е братле просто и тие луѓе имаа браќа другари татковци вукојвци итн
Ако дојдеа така гневни само они магарешки ќотек ќе изедевте тродупло се од вас по бројност.
Медаљата Игоре има две страни секогаш.
Детето на Стојан и детето на Зијадин се исто деца истата траума ја преболуваат.
Чива е потешка???
Тоа тебе ќе те оставам да процениш,ако можеш иако се сомневам.
Ама само едната страна согледувајки ја никаде ко личност не стасуваш братле.
И на крај…
Вчера вие ги потсетивте тие деца на тоа што го беа малку подзаборавиле
Незнам дали ќе ви кажат
Браво или Марш
Ама ваше си е…
Да си ми жив и здрав Игоре долго долго и тревзвен
Поздрав…, пишува, Ерко.

Слични содржини