Филипче: Верските лидери земаа обврска црковните служби и молитвите да ги организираат надвор

од Берта Китинска
307 прегледи

-Предлог за нови рестриктивни мерки со почеток од среда, кои предвидуваат да работат само летните тераси на угостителските објекти, а полицискиот час да започне од 21 часот и да трае до 5 часот наутро. За престојните верски празници за Велигден и Рамазан Бајрам да нема ограничувања во движењето, но угостителските објекти да затвораат во 20-20:30 часот, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Тој напомена дека во оваа состојба мора да сме исклучително внимателни.

-Верските лидери земаа обврска црковните служби и молитвите да ги организираат надвор од верските објекти. Ова е состојба во која сите мора да сме исклучително внимателни. Таков начин на организација комбинирана со одговорност на граѓаните ќе не доведе во ситуација да нема прекршување на мерките. Сите со сопствената одговорност, да покажеме дека можеме функционираме и во присуство на вирусот, изјави Филипче.

Во однос на вакцинацијата тој напомена дека комплетно се подготвени спортските сали за масовна вакцинација во Охрид и во Штип.

-Денеска завршува подготовката на салата во Битола, а во Кавадарци, Тетово и Куманово ќе бидат завршени до крајот на оваа недела, по што ќе следува и масовна имунизација со кинеските вакцини кои треба да пристигнат по Велигден.Вакцинацијата на територијата на цела држава се одвива без проблем. Во А1 СЦ Борис Трајковски во тек е ревацкинација на првата група вработени во критичната инфраструктура, изјави Филипче.

Слични содржини