Рекордна продажба на оружје во Америка по масовните пукања

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Продажбата на оружје во САД достигна рекордна бројка втора година по ред, по период во кој скоро секоја недела имаше масовни пукања, пишува „Њујорк пост“.

Федералното биро за истраги (ФБИ) примило огромен број барања за проверка на оружје од лиценцирани продавници за продажба на оружје во текот на 2021 година, покажуваат федералните податоци, пренесе Танјуг.

ФБИ провери четири милиони клиенти во јануари, 3,4 милиони во февруари и 4,7 милиони во март, според весникот.

Тоа е зголемување во споредба со минатата година, кога беа направени 2,7 милиони проверки во јануари, 2,8 во февруари и 3,7 милиони во март.

Слични содржини