Села до Ахмети: Кој на 27 април го извести Груевски за изборот на претседател на Собранието?

од Берта Китинска
296 прегледи

Фета Халими за мене е семејство, се вика за човек што ќе ти спаси живот., рече денеска лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села,  кој се присети на крвавиот 27 април во Собранието на Република Северна Македонија, престојуваше во затворот Идризово за да го посети, како што рече, невиниот човек кој престојува поради него и да му изрази голема благодарност.

–Постојат многу други виновници кои се на слобода. За секој ден што Фета останува тука, се чувствувам засрамен. 27 април има доза на срам, дури и Фета се држи во затвор за да се чувствувам засрамен – рече Зиадин Села, претседател на АА, пренесува Слободен печат.

Села јавно упати прашање до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за тоа  кој на 27 април 2017 година го информираше Груевски за изборот на претседател на Собранието.

– Ако ја видите снимката од 27 април, кажете ми дали има отпор од униформираната полиција да ја запре толпата, никој! Тогашниот министер Агим Нухиу продолжува да ужива државни функци. Луѓето што ги отворија вратите беа амнестирани. Организаторите беа амнестирани, дури и имунитетот не им беше одземен од СДСМ-ДУИ. Јавно го прашувам г.Ахмети и ДУИ да покажат дали знаат кој е нивниот висок функционер кој тој ден го извести Никола Груевски за изборот на претседател на Собранието. Ова е порака што отиде од Груевски до Трајко Велјановски – рече меѓу другото Села.

Слични содржини