Најавите за електронските учебниците се една обична глупост, вели Мицкоски

од Берта Китинска
142 прегледи

„Оваа глупост е врвот на глупостите, ова беше коментарот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  во врска со новиот закон за учебници.

-Јас не можам да разберам како еден социјален работник и поранешен активист во полето на социјалната работа нема чувство во која насока треба да се водат реформите во образованието. Ако ние после секој министер ги трпиме неговите фрустрации и правиме континуирано глупави реформи, тогаш овие деца што ги гледаме тука ќе ги трпат последиците бидејќи тие не заслужуваат да бидат жртви на фрустрациите на министрите без разлика од која политичка партија доаѓаат, но оваа глупост е врвот на глупостите, рече Мицкоски.