Русковска не присуствуваше на судењето на кое Катица Јанева ја тужи за клевета

од Andreja Salpe
356 прегледи

Поранешната шефица на згаснатото специјално јавно Обвинителство Катица Јанева не земала ниту денар во врска со случајот Рекет, тврди одбраната. Не добила пари за да го пушти Камчев од притвор, нити зела дополнителни пари како што ја обвини обвинителката Вилма Рускоска во декември лани. Според одбраната целта е да се оцрни угледот на Јанева, и тоа во време кога ја чека одлуката на Апелација за Рекет.

Рускоска денеска не дојде на судењето на кое Јанева за тужи за клевета и навреда а е поврзано токму со парите кои наводно ги земала поранешната шефица на СЈО. Во телефонски разговор не сакаше да го коментира овој случај. Кратко одговори дека секој има право да тужи за што сака и кога сака

Следното рочиште за овој случај продолжува на 21 јуни,а треба да сведочи обивнителката Ивана Трајчева и членови на државниот завод за ревизија.

Јанева е осудена на 7 години затвор за случајот Рекет. За истиот случај е осуден и Бојан Јовановки кој доби девет години затвор. За петнаесетина дена Апелација треба да одлучува дали ќе ги потврди затворските казни.

Слични содржини