356
БРИТИНСКАТА Кралица Елизабета во вторникот за прв пат вршеше својата јавна должност од погребот на 99-годишниот сопруг – принцот Филип, одржувајќи аудиенција за странски дипломати преку видео врска.
Насмеаната 95-годишна кралица одржа аудиенција за новите амбасадори на Летонија и Брегот на Слоновата Коска.
Кралицата ги извршуваше своите должности од својот дом во замокот Виндзор западно од Лондон, каде пред две недели беше погребан принцот Филип, со кого мина седум децении.
Ова е прв ангажман на кралицата Елизабета Втора од крајот на официјалната кралска жалост, но не и од смртта на нејзиниот сопруг на 9 април.