277
Во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус” на ТВ 21, како поранешен член на Советот за безбедност, Ѓунер Исмаил вели дека Бугарија направи погрешна проценка за отворањето на прашањето со Северна Македонија.
„Мислам дека Бугарија погрешно процени за тоа дали да го отвори, според нив, македонското прашање. За таа погрешна проценка што ја направи, Бугарија се најде на мета на негативни коментари во ЕУ, но нашата земја се однесува крајно политички коректно”, изјави Исмаил.