Морбидна прогноза на Маск: Искрено, еден куп луѓе веројатно ќе умрат

од Stefanija Kuzmanovska
484 прегледи

Американскиот милијардер Елон Маск, сопственик на компаниите „Спејс Х“ и „Тесла“, изјави дека голем број луѓе ќе умрат за време на обидот на човештвото да го освои Марс! Маск ја изнесе морбидната прогноза со цел да ги побие тврдењата дека неговите обиди да го освои Марс се всушност „опција за бегство од Земјата за богатите луѓе“.

„Можете да умрете. Ќе биде неудобно и веројатно нема да има добра храна“, му рече Маск на Питер Дијамандс, основач на фондацијата X Price Science Discovery, и продолжи: „Описот на патувањето до Марс треба да го вклучува фактот дека ќе биде тешко и опасно патување од кое можеби нема да се вратите живи. Искрено, еден куп луѓе веројатно ќе умрат на почетокот. Не е за секого. Само волонтери“.

Маск инсистира на тоа дека тоа ќе биде „величествена авантура и фантастично искуство“. Неговата компанија „Спејс Х“ досега има направено повеќе од сто лансирања на ракети во обид да дојде до вистинскиот модел за испраќање туристи на Месечината и Марс.

Сепак, многу од овие лансирања завршија во пламен. Тој во 2015 година објави дека сака да изгради град на Марс, а во јуни изјави дека ќе насели милион луѓе на Црвената планета. Маск си постави цел да формира постојани човечки колонии на Марс до 2026 година.

Вредноста на неговиот имот се проценува на 186,8 милијарди долари.

Слични содржини