Карлеуша: Многу сум подобра „риба“ од Џенифер Лопез

од Nikola Popovski
304 прегледи

Јелена Карлеуша објави на својот профил на Инстаграм натпис од портал с наслов „Дали сме лицемери кога голата Џеј Ло ни е одлична, а голата Карлеуша не е“, во која се вели дека пејачката и актерка Џенифер Лопез е пофалена од сите кога се соблекува и става фотографии каде таа е гола, додека Карлеуша е критикувана поради неносењето на облека.

„Секако дека сите сте лицемери. Да не спомнувам дека сум далеку подобра „риба“ од Џенифер Лопез и десет години помлада. Сè што е туѓо за нас е врвно, а плукаме по домашното… Но, во која дупка на животот би била ако слушам што ми велат Балканците“, напишала Карлеуша.

Потоа додала дека и онака е најдобро облечена на сцената, дури и кога е гола.

„Јас сум најдобрата мачка што го прошета овој регион, а согласноста на  повеќето за мене е исто толку важно како и резултатите од изборите во Боцвана, Африка! И да, сосема е ирелевантно дали сум 20, 30, 40 или 150 години … Не ме интересираат тие бројки и оние параметри за селаните“, порачала таа.

Инаку, Карлеуша во неколку наврати објасни дека нејзиното облекување на сцената не ја дефинира како мајка и сопруга.

„Јас сум мајка во куќата, не сум во сценски костум. Да се ​​има своја работа нема никаква врска со тоа каква мајка сум, ниту пак ме одредува. Можам само да ви кажам дека моите ќерки се горди на мене“, рекла пејачот во една прилика.

Слични содржини