Српски пратеник зборува на кинески јазик во Собрание (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
317 прегледи

Пратеникот на Српската напредна партија (СНС), Лука Кебара зборуваше на кинески јазик на седницата на српскиот парламент.

Во еден дел од своето обраќање, Кебара зборуваше на „посебен начин“ за челичното пријателство меѓу Србија и Кина, како претседателот Си Џинпинг и Александар Вучиќ.

Тој исто така објасни како да се каже Александар Вучиќ на кинески јазик, кој, како што рече, „во Кина е познат како ву-чи-чи“.

„Што, патем, во превод значи пет, седум, седум“, објасни тој.

Можеби главната точка на неговото обраќање беше кога рече: „Тогаш ќе го додадам она што секој ќе го разбере…“, а потоа заврши на кинески со споменување на „ву-чи-чи“ и за тоабеше награден со „слаб“ аплауз.