Пејачката и актерка Џенифер Лопез беше фотографирана со сериозно и внимателно лице неколку дена откако ја раскина свршувачката со Алекс Родригез.
Џеј Ло беше фотографирана пред студиото каде снима нов филм, а беше во лежерна облека: носеше бела тренерка, а косата и беше разбушавена.
Сепак, нејзиното лице привлече најголемо внимание.
Иако несомнено е дека Џенифер изгледа прекрасно, може да се забележи разликата помеѓу нејзините фотографии од Инстаграм и оние направени од папараците.
Иако Џеј Ло тврди дека таа никогаш не користи филтри и програми за обработка на фотографии, се чини дека тоа не е така.
Таа веќе беше мета на критики за претерување со Фотошоп, бидејќи папарацо-фотографиите се нешто поразлични од оние на нејзините социјални мрежи, каде нема ниту една брчка.