Сè можело да се спречи: ЕДЕН ЧОВЕК е ц за заминувањето на Хари и Меган од кралското семејство

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Експертите најмногу го обвинуваат принцот Хари за штетата што му се случи на кралското семејство со заминувањето на принцот Хари и Меган Маркл.

Тие велат дека тој не ја подготвил Меган Маркл добро за животот во кралството.

„Тоа е комбинација на вина на Хари и Меган, но главно сè оди на душа на Хари затоа што тој не објасни сè како што треба. Можеби не е најостриот дечко, но можно е и да не сакаше да и објасни“, рече авторот на книгата за принцот Филип, Роберт Џобсон.

„Тешка работа е да се биде член на кралското семејство, иако луѓето можеби мислат дека не е така. Животот со нив не е гламур, а можеби и тоа не и се допадна”, додава Џобсон.

Според авторот, Маркл требало да побара помош од долгогодишната доверлива личност на кралицата, Саманта Коен. Тоа веројатно би ги спречило Хари и Меган да го напуштат семејството.

Како што заклучи, токму Хари бил најголемиот виновник.

„Го осудувам Хари затоа што тој ја знаеше целата приказна, но тој сакаше свој дел од колачот а тоа не оди така“, рече Роберт.

Слични содржини