378
Во вечерашното гостување во емисија Економски Магазин на Алсат, Дарко Димовски од Сојузот на синдикати на Македонија истакна дека со коввид кризата се влошени и работничките права. Тој вели работодавачите ги „жртвуваат“ вработените или дел од нив, во надеж дека на тој начин ќе ги редуцираат трошоците и ќе успеат да ја пребродат кризата.
„Ние како Сојуз на синдикати на Македонија не се согласуваме со тоа бидејќи колективниот договор и Законот за работни односи, во вакви услови на криза, има предвидено како треба да биде тоа, без да се остават вработените без егзистенција и апелирам до сите работодавачи да се јават во ССМ, ние да им објасниме“, рече Димовски.