Фон Крамон: Предлогот за северот на Косово во „нон-пејперот“ може да биде УСПЕШЕН

од Nikola Popovski
248 прегледи

Виола фон Крамон го коментираше „нон-пејпер“ документот, во кој се зборува за специјалниот статус на северот на Косово, кој потсетува на статусот на Јужен Тирол во Италија, наведувајќи дека ваквото решение може да биде успешно, пренесува „Репортери“.

Известувачката на ЕУ за Косово изјави дека решението за северот на Косово ќе мора да ги земе предвид спецификите на ситуацијата на теренот, пишува „Косово онлајн“.

– Она што е предложено во тој „нон-пејпер“ документ изгледа како статусот на Јужен Тирол во Италија, кој ги реши билатералните проблеми меѓу Италија и Австрија. Може да биде успешен модел, но мора да ги земе предвид спецификите на ситуацијата на Косово – рекла Фон Крамон.

Таа ја повикала европската дипломатија да го зголеми нивото на координација со цел да се избегнат недоразбирања и изрази надеж дека дијалогот ќе биде деблокиран по посетата на Курти и Вучиќ на Брисел. Фон Крамон истакнала дека САД и ЕУ веќе ја отфрлиле идејата за размена на територии.

Слични содржини