Дневник на есесовец откри долго чувана тајна: Започнува ископувањето на нацистичкото злато

од Nikola Popovski
332 прегледи

Ловци на богатство планираат ископувања на местото каде што, како што веруваат, се сокриени 48 кутии нацистичко злато. Ковчезите наводно биле закопани во селото Минковски во јужна Полска, под вилата што ја користеле есесовци како бордел.

Британски „Дејли меил“ пишува дека ковчезите содржат скапоцености со вкупна вредност од половина милион фунти, и додаваат дека кутиите биле закопани по лична наредба на командантот на СС, Хајнрих Химлер, на самиот крај на Втората светска војна.

Се претпоставува дека под вилата се наоѓа „златото од Вроцлав“, кое исчезнало за време на војната од полициската зграда во полскиот град Вроцлав. Се верува дека во богатството има и накит од приватните колекции на богати Германци кои им ги предале своите скапоцености на членовите на СС за да ги сокријат од надојдената Црвена армија.

Ископувањата ќе започнат следната недела, а оптимистичките ловци на богатство се надеваат дека ќе откриат 10 тони злато под палатата во Минковски.

Локацијата на богатството наводно била откриена во тајни документи и дневници на СС офицер, на кои им била дадена задача да ги чуваат безбедните скапоцености на Рајхот, пренесува Новости.

Роман Фурманијак, директор на фондацијата „Слешки мост“, која работи со лов на злато, за „Дејли мејл“ изјавил дека неколку лица учествувале во криењето на богатството во Минковски, а дека еден од нив бил офицерот Фон Штајн.

„Тој престојуваше во палатата затоа што таму имаше љубовница. Поради неговата позиција, тој често го посетуваа високи есеовци кои се однесуваа како да се во бордел“, рече Фурманиак, додавајќи дека Фон Штајн ја назначил локалната Германка, Инга, за да го чува местото каде што е закопано богатството.

Според него, таа успешно ја избегнала Црвената армија криејќи се во шумата, а потоа го сменила својот идентитет и живеела меѓу локалното полско население во следните 60 години, будно гледајќи го местото каде што наводно било закопано богатството на Третиот рајх.

Слични содржини