Нови измени на Законот: Породилното ќе трае околу една година, и таткото ќе може да земе отсуство од работа

од Берта Китинска
335 прегледи

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска вели дека со новите измени во Законот за работни односи  породилното отсуство од работа  би било околу 12 месеци, од кои 5 месеци се предвидени како задолжително отсуство на мајката. Остатокот, ќе може да се комбинира со таткото.

„Поаѓаме од стандардите коишто се воспоставени од Меѓународната организација на трудот и тука се препознаваат три категории: отсуство мајчинство, татковство и родителство. Би бил флексибилен периодот на родителството, да може едниот родител да отстапи дел од правото за тоа родителско отсуство на другиот родител…ќе гледаме да го најдеме балансот бидејќи предолгото отсуство на жената од пазарот на трудот ја става неа во подредена состојба“, рече министерката Шахпаска во емисијата Економски Магазин на Алсат.

Слични содржини