Познато каде продолжува Рамос, треба да се реши само уште еден детал

од Stefanija Kuzmanovska
358 прегледи

Договорот со кој Серхио Рамос е врзан за Реал Мадрид важи само до крајот на тековната сезона, а капитенот и клубот се уште не се договориле за деталите што би ја продолжиле нивната соработка.

Желбата за продолжување на соработката е заедничка, но шпанските медиуми откриваат зошто не можат да се договорат двете страни и зошто новиот договор сè уште не е потпишан.

Реал Мадрид се обидува да го задржи 35-годишниот стопер во своите редови со едногодишен договор со можност за продолжување на дополнителна сезона и со приход кој би бил за 10 проценти понизок од сегашниот.

Рамос не прави проблеми за намалување на платите, но инсистира на двегодишен договор што ќе го задржи во клубот до крајот на јуни 2023 година. Тој сака да ја заврши кариерата во клубот каде се здоби со статус на легенда, но додава дека нема намера да се откаже од договорот од две години.

Слични содржини