Автономни автомобили ќе се појават на британските улици подоцна оваа година, објави британското Министерство за транспорт.
На ваквите возила, кои можат да ја препознаат околината во која се наоѓаат и да се движат низ неа со мал степен на помош на возачот или целосно без човечка контрола, ќе им биде дозволено да се движат по побавни патишта. Ќе се движат со брзина до 59 километри на час.
Британското Министерство посочува дека оваа технологија може да ја зголеми безбедноста во сообраќајот, бидејќи ќе има помалку човечки грешки, кои сочинуваат 85% од несреќите, пренесува агенцијата ДПА.
Технологијата за автономно возење во автомобили, автобуси и возила за испорака може да го намали метежот во сообраќајот, бидејќи сигнализацијата и возилата ќе комуницираат директно едни со други. Така, сообраќајот ќе се одвива побрзо, со што ќе се намали и емисијата на штетни гасови, тврди министерството.
„Ова е огромен чекор кон безбедно користење на автономни возила во Велика Британија, што ќе го направи идното патување позеленето, полесно и посигурно“, рече министерката Рејчел Меклин.