Рекордни продажби на електрични и автономни автомобили ќе ја одбележат индустријата во 2018-та

од Vladimir Zorba

По возбудливата за автомобилската индустрија минатата година и сегашната ќе понуди многу интересни работи, предвидува магазинот „Форбс“. Во изданието се наведени главните трендови кои најверојатно ќе се случат во 2018 година.

Прво, побарувачката за нови патнички возила ширум светот ќе продолжи да расте, достигнувајќи 100 милиони единици. Минатата година продажбата изнесуваше 95,6 милиони евра (за возила со тежина до 3,5 тони), а очекувањата на компанијата „Frost & Sullivan“ се за раст од најмалку 3%. Дел од нарачките сега ќе се случуваат и преку интернет, со виртуелни салони кои ќе се појават како ново „бојно поле“ за дилерите на автомобили.

Аналитичарите исто така веруваат дека Индија ќе ја надмине Германија како четврти најголем светски пазар за нови автомобили. Во исто време, „Фолксваген груп“, „Рено“, „Нисан“, „Мицубиши“ и „Тојота“ ќе испорачаат по над 10 милиони автомобили.

Тешки времиња за дизелот, светла иднина за електричните возила

Трендот на намалување на продажбата на дизел автомобили сигурно ќе продолжи во текот на годината. Причините лежат во зацврстувањето на еконормите и поради скандалот со такви мотори, кои не запираат.

Во исто време, продажбата на електрични возила, која надминала 1 милион единици во 2017 година, ќе продолжи да расте и веројатно ќе достигне околу 1,4 милиони испораки. Се очекува дека околу 40% од вкупниот број ќе се реализира во Кина.

Се разбира, инвестициите во станиците за полнење, како и поефикасните батерии, ќе продолжат. Во исто време, батериите што веќе се користат ќе бидат користени уште повеќе, откако ќе се полнат со помош на итни полначи за канцеларии и домови.

Прогнозите се и за поевтинување на електромобилите, кое ќе дојде главно од падот на цената на најскапото во нив – батериите. Според „Форбс“, во моментот еден киловат капацитет чини околу 200 долари, а во оваа година поевтинувањето ќе биде во рамките на 15-20%.

Се повеќе автономни автомобили

Годината најверојатно ќе се запамети и со постојано масовното навлегување на автономните автомобили. При тоа тие веќе ќе се од третото ниво, што би се рекло дека автомобилите ќе можат во долги периоди на време да се движат без интервенција на возачот.

Сепак возачите ќе треба да бидат подготвени да ја преземат контролата во секој момент, како и да го фатат воланот, кога сакаат да излезат од автопатот и да го следат правецот при градски услови. Кажано поинаку, до тоа ниво на автономија, ако се случи инцидент, вината да останува токму на возачот.

Несомнено оваа година, автомобилите ќе станат уште технолошки понапредни. Очекувањата се масовно да влезат персоналните асистенти кои ќе можат да исполнат една или друга задача, поставена од возачот во нормален разговор. Во исто време, производителите на автомобили ќе се заложат за продажба на сите различни информации што ги собираат паметните автомобили.

Поглед кон небото

Најновиот интересен тренд кој се однесува на автомобили оваа година е поврзан со посериозни инвестиции во летечките автомобили. Основи беа поставени уште во 2017-та, кога „Тојота“ ја купи јапонската компанија со развои во оваа област „Cartivator“, Кинезите од „Џили“ ја придобија „Terrafugia“, а „Дајмлер“ инвестира во „Volocopter“.

Слични содржини