Шест од десет граѓани во Германија штедат пари во секојдневниот живот поради растот на цените и зголемената инфлација, покажа истражувањето на агенцијата „Форса“ .
Според тоа истражување, 58 отсто од испитаниците наведуваат дека ги намалиле трошоците, додека 41 отсто велат дека не ги промениле значително потрошувачките навики, пренесува „Шпигел“.
Посебно се погодени помладите од 30 години и граѓаните со пониски приходи. Најчестите заштеди се однесуваат на исхраната надвор од домот, потоа на купувањето намирници, гориво, енергија, одмори и активности во слободното време.
Исто така, значителен дел од возачите го намалуваат користењето на автомобилите, додека некои преминуваат на велосипед, пешачење или јавен превоз.
Растот на цените се поврзува со зголемувањето на трошоците за енергија по глобалните тензии, вклучувајќи ги и последиците од војната во Иран, што доведе до раст на цените на горивата и можен пораст на инфлацијата над три проценти.
Според економистите, инфлацијата би можела дополнително да влијае врз цените на храната, услугите и патувањата во претстојниот период, пренесува „Танјуг“.