Славниот актер, Ентони Хопкинс, на овогодинешните „Оскари“ ја доби наградата за најдобра главна машка улога за филмот „Татко“. Неговата колешка Салма Хајек дојде во Велс да ја прослави оваа награда со него.
Во симпатичното видео објавено од холивудската дива на Инстаграм, Сер Ентони Хопкинс игра на звуците на песната на Леонард Коен, „Dance Me to the End of Love“, а на крајот и се придружува Салма и играта завршува со прегратка.
Celebrating with @salmahayek the dancing queen 💃🏻 pic.twitter.com/XzbqXRqiNe
— Anthony Hopkins (@AnthonyHopkins) April 28, 2021
Не е познато кога овие двајца славни актери станале пријатели, но се чини дека тие се пријатели веќе подолго време затоа што Салма присуствуваше и на церемонијата на Хопкинс на Холивудскиот булевар на славните во 2003 година.
Бидејќи Хопкинс не можеше да присуствува на доделувањето на наградите, актерот Хоакин Феникс, минатогодишниот добитник на Оскар за најдобра машка улога што ја зема за филмот „Џокер“, го прими признанието во име на неговиот постар колега.
Актерот го освои првиот Оскар во 1992 година за улогата на Ханибал Лектор во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“. Досега тој беше номиниран за оваа престижна награда шест пати, четири пати за главни улоги и две споредни улоги.
Филмот „Татко“ исто така ја доби наградата во категоријата најдобро адаптирано сценарио, а беше номиниран и во категориите за најдобар филм, споредна женска улога, монтажа и сценографија.