Денес, на Велики петок, во очи на најголемиот христијански празник Велигден, со моите колеги од Општина Центар и волонтерите од „Банка за Храна“, ги посетивме нашите сограѓани од семејства со висок социјален ризик во населбите Маџир Маало и Крњево и им поделивме топли оброци и пакети со храна и хигиенски производи, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.
-Хуманоста не познава ниту етничка ниту религиска припадност и мене ми претставува особено задоволство што и денес успешно реализиравме уште една заедничка хуманитарна акција, многу важна и потребна за овие наши жители.Им благодарам на сите вклучени во оваа хумана акција, општествено одговорните компании, поединците и економски оператори, вклучително и на децата и родителите од нашите градинки, кои несебично се вложија за успешна реализација на активноста, напиша Богдановиќ.