Кристијано Роналдо минува низ тежок период во дресот на Јувентус.
Според „Газета дело Спорт“, Португалецот е во своевидна депресија и доста го сменил однесувањето во последните неколку недели.
Весникот посочува дека кај CR7 нема насмевка на лицето.
„Повеќе не гледате трага како ужива во сè. Нервозен е, иритира, оддалечен е од неговите колеги … Тој беше незаинтересиран за Фиорентина, што е загрижувачки знак“, пишува весникот.
Во текстот понатаму се додава дека Роналдо е целосно надвор од приказната за Јувентус дури и надвор од теренот.
„Тој се оддалечи од Јувентус. Можеби беше малку така некое време, но тој тренд се интензивираше во последните недели, особено по елиминацијата од Лигата на шампионите“.
„Газета“ открива и еден од деталите по победата над Џенова од 3:1 кога Кристијано не постигна гол.
Тој влегол во соблекувалната каде што луто удрил во ѕидот, а откако се истуширал, не кажал никому со збор.
На последните три натпревари тој не успеа да ја затресе мрежата, што е негов најдолг пост во Серија „А“ откако се врати на теренот по повредата во првата сезона.
Последен пат тој постигна гол на 7 април против Наполи. Не помага тоа што резултатите на тимот опаѓаат и дека „Старата Дама“ моментално е четврта во Серија „А“.
Неизвесно е и што ќе се случи со него, тој е под договор до летото 2022 година, а се споменува и опцијата за враќање во Манчестер Јунајтед во замена за Пол Погба.
Тој наводно му наредил на агентот Жорже Мендеш да бара нов клуб за него.
„Вратата на Реал никогаш не му беше отворена откако тој замина. Затоа Јунајтед е приоритетна опција. Едно е сигурно, ако Јувентус не ја освои Лигата на шампионите, Роналдо ќе си замине“, заклучи коментарот во „Газета“.