Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји во вторник ќе ја посети С. Македонија

од Andreja Salpe
304 прегледи

Европската комисија информираше дека во вторник европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји ќе ја посети Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а потоа в среда ќе престојува во Албанија и Косово.

Турнејата на Вархеји низ Западен Балкан е по повод доставувањето на првите вакцини против Ковид-19 со финансиски средства од Европската Унија.

Вархеји истакна дека патува во земјите од Западен Балкан со цел да пренесе јасна порака дека ЕУ се грижи за своите партнери.

На 20 април Европската комисија и Австрија најавија дека на земјите од регионот ќе им бидат доставени вкупно 651.000 дози вакцини од „Фајзер/Бионтек“ во неделни транши, во периодот од почетокот на мај, па до август.

– Овие вакцини ќе помогнат да се забрзаат кампањите за вакцинација, како и да се осигури дека сите медицински работници од првата линија и некои од најранливите групи се вакцинирани, се вели во соопштението на Европската комисија.