Бекамови градат огромно езеро со остров: Соседите се бесни, им се пожалиле на локалните власти

од Vladimir Zorba
351 прегледи

Дејвид (45) и Викторија Бекам (47) се вратија во Англија откако поминаа четири месеци во Мајами, а нивните соседи не беа задоволни поради изградбата на езеро, пишува „The Sun“.

Славната двојка замина за Мајами во пресрет на Божиќ и воведувањето строги епидемиолошки мерки во Англија, што не е најдобро „прифатено“ во британската јавност, па Дејвид и Викторија побрзо најдоа подобро засолниште.

По враќањето во Англија, тие се повлекоа во самоизолација на нивниот имот вреден шест милиони фунти. Иако беа среќни што се вратија, нивните соседи не се поради изградбата на езерото „Пош“.

Имено, езерото „Пош“ треба да зафати површина од три четвртини од фудбалско игралиште, а Бекамови планираат да изградат остров на средина.

Сепак, поради езерото, соседите се плашат од поплави и дека огромната водна површина ќе ја уништи убавината на местото.

Соседите протестираа до локалните власти, но езерото „Пош“ ги доби сите потребни дозволи од локалните власти, со образложение дека тоа ќе овозможи поголем биодиверзитет во областа.

Слични содржини