Дневниот број на новозаразени во Индија надмина 400.000

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Во Индија, една од земјите најпогодени од пандемијата на коронавирус, дневниот број на случаи на инфекција надмина 400.000.

Според индиското Министерство за здравство, во последните 24 часа се пријавени 401.993 новозаразени, а 3.523 починале како резултат на инфекција со вирусот.

Во Индија, вкупниот број на случаи на инфекција надмина 19,1 милиони, а вкупниот број на смртни случаи достигна 211.853.

Индија бележи над 300 000 случаи на коронавирус дневно од 22 април. Повеќето од нив се регистрирани во областа Махараштра, Утар Прадеш, Карнатака, Керала и Делхи.

Експертите предупредуваат дека здравствениот систем е пред колапс поради недостаток на кислород, кревети и лекови.

Во земја со околу 1,4 милијарди жители, масовната вакцинација е во тек. Досега во Индија се дадени повеќе од 154 милиони дози вакцина против коронавирус.

Поради се поголемиот број смртни случаи од ефектите на инфекција со Ковид-19, крематориумите во Индија се преполни со тела на починатите, а властите предупредуваат дека има сè помалку простор.

Слични содржини