КСС: Загрижени сме за лошата економска и социјална положба на работниците во време на пандемија

од Берта Китинска
261 прегледи

Раководството на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска пред Владата на Северна Македонија јавно ги искажа своите барања и незадоволства во однос на работничките права.

–КСС изразува огромна загриженост за лошата економска и социјална положба на работниците, особено во време на пандемија кога голем број работници ги изгубија своите работни места, изјави Благоја Ралповски, претседател на КСС.

Ралповски истакна дека кризата уште еднаш ја покажала вредноста на работниците за нормално функционирање на општеството, особено во време на пандемија. Тој оддаде почит и за здравствените работници, кои од минатата година несебично придонесуваат во борбата со коронавирусот.

Претседателот на КСС ги поздрави и професиите кои не се често во фокусот на јавноста, а сепак ги извршуваат работните обрски, како што се вработените во трговијата, градежниците, одржувачите на хигиена, пожарнираки, полиција, медиумски работници.

Слични содржини