Маричиќ: Другари работници, нека ви e честит Меѓународниот ден на трудот – 1 мај

од Берта Китинска
170 прегледи

Министерот за правда Бојан Маричиќ преку својот Фејсбук упати честитка по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

-Работниците секогаш биле „моторот“ кој ја движи државата и затоа повеќе од еден век светот го одбележува Меѓународниот ден на трудот – 1 мај.

Оваа пандемска година треба посебно да им се заблагодариме на здравствените работници кои деноноќно неуморно работат да го сочуваат нашето здравје. Благодарноста кон нив, но и кон сите други работниците ја покажуваме преку грижата за нивната положба во општеството.

Пред три месеци го потпишавме правилникот за зголемување на платите на судската полиција, со што се реши долгогодишниот проблем со примањата на овие работници. Затворската полиција добива нови униформи. Вработените во Воспитно-поправниот дом во Волковија имаат светски услови за работа, а интензивно се реконструираат и повеќе затвори низ земјава. Оваа година ќе ги решиме платите и статусот на судиите, јавните обвинители, судската и јавнообвинителската служба. Тука нема да застанеме и проблемите ќе ги решаваме посветено, со труд и визија.

Другари работници, нека ви e честит Меѓународниот ден на трудот – 1 мај!, напиша Маричиќ.

Слични содржини