Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс предупреди дека помладите генерации ќе водат војна за храна и вода и апелираше до постарите генерации да ја заштитат животната средина и да прифатат некои жртви во име на подобра иднина,
Тимерманс рече, како што објави „Гардијан“, дека социјалната политика и екологијата не се усогласени така што тие ја делат цената рамномерно, но исто така и придобивките од афирмирањето на економијата заснована на ниски емисии на стакленички гасови.
Доколку ова не се усогласи, светот ќе се соочи со обратните, негативни ефекти од постапките на интересни групи и популистички политичари кои поттикнуваат потрошувачка на фосилни горива, рече тој, пренесе Танјуг.
„Ова не е само итно прашање, ова е исто така тешко прашање“, предупреди Тимерманс.
„Треба да ја трансформираме нашата економија. Има огромни придобивки, но и огромни предизвици. Најголемата закана е од социјален карактер и ако не успееме да го решиме ова прашање, убеден сум дека нашите деца ќе се борат за храна и водни ресурси. Во тоа воопшто не се сомневам “.
Тој посочува дека борбата против климатските промени е многу пати поевтина од борбата против нарушувањата што ќе ги донесе глобалното затоплување.
„Гледам огромна опасност во сојузот на оние кои не сакаат промени, бидејќи тоа ќе влијае на нивните интереси, без разлика дали станува збор за фосилни горива или традиционални економски кругови. Овие интереси се совпаѓаат со стравот од негативни социјални последици“, додаде Тимерманс.
„Понекогаш се прашувам дали сме свесни за промените низ кои поминуваме сите и колку е тоа важно. Ова е еквивалентно на напорите за реконструкција по насилниот конфликт. Разговарав со моите родители и нивните родители за тоа како го поминаа тоа по војната. Тие велат: „Жртвувавме многу затоа што знаевме дека нашите деца ќе бидат подобри“. А, тоа чувство и став не постојат во нашето општество “.