Израел: Во несреќата загинаа десет деца и млади луѓе

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Најмалку десет деца и тинејџери на возраст под 18 години се меѓу 45-те жртви по верскиот фестивал на северот на Израел, покажува делумниот список на имиња објавен денес, додека идентификацијата на жртвите продолжува.

Меѓу мртвите ултраортодоксни Евреи има четворица Американци, еден канаѓанец и еден аргентинец, објави Ројтерс.

Најмалата жртва имала девет години.

Во меѓувреме, се повеќе се јавуваат повици за формирање на официјална истражна комисија со цел, меѓу другото, да се утврди одговорноста на политичарите кои дозволија да се организира ваков масовен собир, и покрај постојаните предупредувања поради безбедносни пропусти.

Според проценките на локалните медиуми, најмалку 45 лица загинаа, а повеќе од 100 беа повредени во несреќата за време на верска церемонија на која учествуваа, според проценките на локалните медиуми, околу 100.000 луѓе.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, оваа несреќа ја нарече „голема трагедија“, пишува „АП“.

Несреќата се случи кога групи ултраортодоксни Евреи во голем број поминаа низ гробницата на мудрецот од вториот век, рабинот Шимсон Бар Јоцај, за време на комеморацијата што вклучува бденија, мистични песни и танцување, пренесе Ројтерс

Очевидци велат дека луѓето се задушиле или биле газени во тесни премини кога почнале да излегуваат, а луѓето паѓале едни преку други и се тркалале по лизгавите скали.