Дачиќ: Албанците и Хрватите се „браќа по оружје“

од Vladimir Zorba
263 прегледи

Претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ ги нарече Хрватите и Албанците „браќа по оружје“, коментирајќи ја најавата на хрватскиот министер за одбрана дека земјата е подготвена да им помогне на приштинските власти да ги трансформираат своите безбедносни сили во армија.

„Долги години и децении постоеше коалиција меѓу хрватските и албанските сепаратисти од поранешна Југославија. Оружјето е набавено преку тие канали“, рече Дачиќ во емисијата„ „Хит твит“ на ТВ Пинк, пренесе „Спутник“.

Тој додаде дека многу албански политичари и сепаратисти биле во хрватската армија, особено Агим Чеку.

„Не е ништо ново. Тие се браќа по оружје, беа во секоја војна, и во Првата и во Втората светска војна. Тие беа на спротивната страна на поголемиот дел од човештвото, но тоа не им е земено за зло. Исто беше дури и кога се бореа против Америка, Велика Британија, Франција … “, потенцира Дачиќ.

Претседателот на Собранието на Србија потсети дека во Втората светска војна „албанскиот режим и хрватскиот режим беа во служба на нацистичка Германија“, јави Танјуг.

„Значи, за мене е сосема јасно дека тие се браќа по оружје, едноставно не знам какво ќе биде тоа оружје за нив сега. Дали денес зборуваме за оружје или ќе зборуваме за патишта, туризам, за некоја заедничка иднина? Тоа е индикатор за тоа колку живеат во сопствениот свет, колку не жалат за ништо лошо што го сториле во минатото“, рече Дачиќ.

Слични содржини