118 години од загинувањето од загинувањето на Гоце Делчев

од Берта Китинска
228 прегледи

Денеска се одбележуваат 118 години од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

Делегации на државни институции, здруженија и граѓани во чест и сеќавање на Делчев ќе положат цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас” во Скопје.

Револуционерот Делчев на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Слични содржини