Се уште не се знае која е причинат за пожарот во Галичник, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов за Утрински брифинг.
-Благовремено пожарот во Галичник беше изгаснат, тој не се прошири во селото. Жителите и гостите, како и објектите и куќите не беа загрозени.Се уште не се знае која е причинат за пожарот. Во текот на вчерашниот ден од страна на МВР се вршеше увид. Јас лично, заедно со претседателот на МЗ Галичник го разгледавме местото и постои можност причина да електриката, односно жиците од далноводите кои иминуваат низ боровоата шума. Но ова е паушално тврдење и чекаме на одговор. Теренот кој беше зафатен од пожарот не беше голем, ја исклучувам можноста подготовка од скара да е причината, вели Ангелов.
Тој вели дека ветерот создал малку поголема паника.
– Ретко кога дува толку силен ветер, пожарот се движел накај селото и постоеше реална опасност тој да се прошири во првите куќи кои се граничат со шумскиот појас, вели Ангелов.